Тивките херои во борбата против Ковид-19: Спасуваат животи


БРАВО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ – ЗА ХУМАНИТЕ ГРАЃАНИ кои и во ова време – невреме се организираа и на секој начин на кој можат се обидуваат да помогнат. Посебно на нашите лекари и медицински сестри, На социјалните мрежи се организирани преку фејс групи, шијат маски, заштитни одела. А сопствениците на 3Д принтери во Македонија САМИТЕ ИЗРАБОТИЈА ВИЗИРИ и бесплатно ги делат на сите медицински лица. Но еве по ред ..

Хуманитарни акции во Македонија , Срце за Срце, Здружение Македонска зора, Пастел , Прилеп 3Д – се во една група со наслов Хуманитарни акции во Македонија..

Досега поделиле 2300 Визири заштитници и 5000+ маски. Дополнително делат оброци во Сабота.

,,Дополнително го правиме првиот Македонски скафандер со визир
Нацртот ни е одобрен, Со сите клиники сме во контакт.,, велат организаторите и упатуваат повик до сите Кројачи , Цнц и ЗД ласер работилници кои сакаат да се вклучат – ова подолу е нивната фејс група.

https://www.facebook.com/Humanitarni.akcii.vo.Makedonija/

А од почетокот на кризата една група 3д Принт Медицинска опрема експресно се организираше и верувале или не досега имаат доставено визири низ медицински установи низ цела Македонија.

Мета.мк објави целосен текст за нив – ви објавуваме дел со линк каде да го прочитате целиосниот текст и погледнете видеото како работат.

„Хуманоста и желбата да се помогне ги надмина сите наши надежи и очекувања“, вели Бојан Трајковски, кој заедно со колегите Ненад Лазаров, Александар Каревски и Борислав Калковалиев кои се вклучени во оваа акција, се членови на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

Во Фејсбук групата 3Д Принт медицинска опрема овие денови постојано пристигнуваат нови информации за испорачани заштитни визири, кои доброволците, собрани околу идејата за изработка на заштитна опрема за медицинските лица во државата ги дистрибуираат онаму каде што е најпотребно, но и зборови на благодарност од оние кои веќе ги добиле.

https://www.facebook.com/groups/930629214035361/

Администраторите на групата се обидуваат да им објаснат на над 20.000 членови дека доволно уплаќаат донации бидејќи собрале над 600.000 денари, повеќе од доволно за да изработат визири за сите медицински лица во земјата.

„Идејата се појави пред 12 дена, а иницијатор е мојот колега, докторот ортопед Александар Каревски, кој, покрај лекарската професија се занимава приватно и со 3Д принтинг. Идејата беше да направиме група во која ќе се обидеме да ги споиме медицината, 3Д печатењето и инженерингот за да осмислиме на кој начин можеме конкретно да им помогнеме на колегите кои буквално стојат на првата линија на одбраната во битката со епидемијата“, вели Бојан Трајковски, кој е основач и администратор на групата 3Д Принт медицинска опрема.

Најпрвин изработиле неколку протитипови, кои потоа се тестирале за да видат кои од нив ги задоволуваат сигурносните протоколи во медицината, да проверат кои можат да бидат соодветно стерилизирани, дали се токсични и да го определат материјалот што најмногу одговара.

Со помошта од граѓаните преку донации и од компаниите и поединците кои имаат 3Д печатачи, досега се изработени и дистрибуирани над 2.600 заштитни визири.

Како што велат, планираат да изработат помеѓу 7 и 15 илјади парчиња, во зависност од согледаните потреби. Но, посочуваат дека нема да застанат тука, бидеќји постојат и други професионално ангажирани лица во и околу здравството кои се секојдневно изложени на опасност од зараза со корона вирусот.

Целиот текст на Мета.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1