Овој паразит ги каснува жртвите додека спијат, им ја цица крвта и така ги заразува, а потоа жртвите несвесно се чешаат и отвараат рани по телото. Чагас е болест окарактеризирана како тивок убиец, затоа што може да живее во организмот на заразените и по 20 години, а пациентите тоа и да не го забележат. Болеста потсетува на СИДА – чагас се шири преку крвта, па е тешко да се открите, затоа што симптомите се појавуваат после неколку години.
Во јули, Центарот за контрола на болести објави податок дека дури 300.000 луѓе во Америка се заразени, но сега бројот се искачил на 400.000. Од нив, 40.000 се бремени жени.
Симптомите на оваа болест се грозница, болки во телото, губење на апетитот, диареја и повраќање, а освен тоа доаѓа и до зголемување на црниот дроб, а и оток на каснатото место. Се проценува дека од паразитите се заразени околу 10 милиони луѓе ширум светот, а наголем број на заболени живеат во Боливија, Мексико, Колумбија и Средна Америка.
На околу четвртина од инфицираните, со години после првиот контакт со паразитот, им се развива зголемено срце или црева населени со паразити кои може да пукнат и да предизвикаат неочекувана смрт. Дури 30% од пациентите ги занемаруваат овие симптоми, па така кога болеста ќе напредне завршува фатално – со „пукање“ на срцето.
Болеста е именувана по Карлос Рибеир Јустинијан Чагас, бразилски доктор кој ја открил во 1909-та година. Се открило дека ја шират и инсекти крвопијци, а особено Триатомидс, познати под името „бубачки кои бакнуваат“. Едноставно се шири при трансфузија на крвта, или од мајка на неродено дете. Се смета дека со неа бил инфициран и Чарлс Дарвин и дека поради тоа починал со години подоцна, во Британија.