То Вима: Вардарска, Северна и Горна Македонија се предлозите на Нимиц


Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц е на средба со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос и премиерот Андонис Самарас.

nimic-630x417Повикувајќи се на дипломатски извори „Та Неа“ објавува дека медијаторот нема да поднесе предлог кој драматично ќе се разликува од идеите кои досега биле предложени.

„То Вима“, пак, тврди дека ќе се разговара за идеите кои им биле предложени на претставниците на двете страни на последната средба во Њујорк во ноември минатата година.

Весникот потсетува дека последните три предлози за решавање на името биле „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“ и „Република Горна Македонија“ за кои Скопје изразило остри забелешки поради поставувањето на географската одредница пред зборот „Македонија“.

Од друга страна, објавуваат грчките медиуми пишуваат дека Грција не прифаќа географската одредница да стои пред зборот „Македонија“.

Потсетувајќи дека Грција не прифаќа име кое нема да содржи географска одредница, „Катимерини“ пишува дека Нимиц е охрабрен од одлуката на Европскиот совет дека прашањето за името треба да се реши пред Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1