Tобоган предизвикал мозочен удар кај 4 годишно дете


Возењето на таканаречениот тобоган на смртта е најверојатно причината за мозочниот удар кај четиригодишно дете, се наведува во тестот на невролозите од американскиот универзитет Лојола објавен во специјализираниот медицински магазин Pediatric Neurology.

Ненадејното забрзување, забавување и силите на ротацијата на коишто биле изложена главата и вратот на детенцето најверојатно предизвикале пукнување на каротидната артерија кај момченцето.
tobogan
Тоа пукнување, односно дисекција на каротидата, водело до формирање згрутчување кое го предизвикало мозочниот удар, сметаат лекарите.
Досега мозочните удари по возење на тобоган на смртта беа регистрирани кај возрасни лица, а само неколкупати досега беше известено за мозочни удари кај млади лица, вклучително и 13-годишно девојче и 11-годишно момченце. Четиригодишникот е најмладото дете со таков удар забележан во медицинската литература.
Пред мозочниот удар детето било здраво. Во текот на годишниот одмор со родителите двапати било на возење со тобоган на смртта, првото возење било долга 200 метри на височина од двете метри со најголема брзина од 40 километри на час, а второто возење имало 16-метарски пад со брзина од 64 километри на час. Ден по возењето детето почнало да повраќа и дошло до олабавување на левата страна на лицето во текот на летот дома. До доаѓањето дома веќе не можело да оди и ослабела целата лева страна на телото.mozok zlo1
Болничкото обработување покажало дисекција на каротидата и мозочен удар. По шест месеци ситуацијата на момченцето се подобрило и е забележана сам мала мускулна слабост и вкочанетост на левата страна.
Децата на возраст до 10 години особено се ранливи на ненадејни движење на вратот поради слабоста на вратната мускулатура и релативно големите глави. „Таа хипермобилност во комбинација со други кинетички и линеарна сили можат теоретски да објаснат зошто некои деца, иако ретко, претрпуваат дисекција на каротидата“, вели авторот на студијата неврологот Хозе Билер.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1