Тодоров: Нема епидемија во поплавените подрачја


Нема заразни заболувања во поплавените подрачја во скопско, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.todorov 544

Тој истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи и бројот на лица кои бараат помош постојано се намалува.

– Ако првите денови бил стотина, сега тој број е седум. На Клиниката стза инфективни болести нема лица со заразни заболувања од тие подрачја. Имаме комплетна контрола над ситуацијата и за среќа немаме епидемија иако ги имаше сите предуслови да ја има. Она што експертите ми го сугерираа е дека многу веројатно е оти ќе има епидемија во тој регион, па затоа одевме со масовна и брза дезинфекција и дезинсекција, а сега одиме и со дератизација на поширокото подрачје. Тоа се сите мерки кои ги преземавме и тие засега даваат одлични резултати, нагласи Тодоров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека одлуката што ја донеле на Влада е привремената амбуланта сместена во училиштето во Стајковци да биде отворена и во наредните седум дена, до петок, а ако има потреба и натаму.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1