Тодоров останува министер – Еве колку гласаа за негова смена, а колку за да остане


Собранието на Република Македонија доцна вечерва со 56 гласа „против“ и 29 гласа „за“ не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров поднесена од пратениците од опозицијата.todorov

Тие побараа оставка на министерот Тодоров, поради, како што наведоа, несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем и системски пропусти. Според нив, Тодоров треба да си даде оставка поради смртта на неколку пациенти во измината година, нереализацијата на низа проекти, како и за заминувањето на околу 700 доктори од Македонија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја оценија интерпелацијата како неоснована и без аргументи. Тие посочија дека за разлика од минатото сега се инвестира во реконструкција и изградба на здравствени објекти, набавена е современа медицинска опрема, реализирани се низа проекти со кои е подобрена здравствената услуга на граѓаните, намалени се цените на лековите и вработен е медицински кадар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1