Тој е херој на мајка: Не сакал да го дои, а со тоа ѝ го спасил животот


Сара Бојл (26) од Стафордшир во Англија е мајка на едногодишното синче Теди кој имал само шест месеци кога одбивал доеѓе.

Тоа било првиот знак дека нешто не е во ред. Набрзо стигнала и дијагнозата – рак на дојка. Сара вели дека Теди, од шестиот месец наеднаш станувал многу вознемирен секогаш кога се обидувала да го дои, а посебно кога ќе го доближела до десната дојка.Screenshot_32

Се обидуавала да го дои Теди во различна положба во текот на наредните неколку недели но тој не сакал.
-Беше многу несреќен. И јас бев. Срцепарателно е кога бебе од осум месеци ја отфрла својата мајка, рече таа.

Поради неговото однесување, Сара одлучила да оди на лекар и да побара повторно да и ја скенираат цистата која со години знаела дека ја има. До тогаш два пати правела тестови за да утврди дека нема опасност од рак и резултатите биле негативни.

Бенигната циста во десната дојка и е дијагностицирана во 2013 година. Кога побарала од лекарите повторно да ја скенираат и рекле дека нема причина за тоа. Меѓутоа синот и натаму одбивал доење, а потоа и самата забележала дека цистата и станувал потврда и болка и дека нејзината дојка ја променила формата. Биопсијата потврдила рак.

Сара моментално се наоѓа на пола пат низ хемотерапија. Ја очекува двојната мастектомија и реконтрукција на градите. Најголема поддршка и дава токму синот Тедот, сопругот и семејството.C5GoB-kWIAATSqg.jpg small

-Никој не може да дали ракот го открил Теди, но знам дека се ќе беше поинаку да ги слушав лекарите, а не него. Поради Теди отидов на лекување, рече Сара и додаде дека синот и го спасил животот.

-Иако постојат многу причини поради кои бебето може да одбие доење, промените на дојката и натаму се први причини за сомнеж. Имавме многу млади жени со дијагноза рак на дојка кои додека биле бремени или доеле првпат ги забележиле симптомите на дојката, рече таа.

Д-р Јасмин Џаст за БиБи Си изјави дека не постојат цврсти докази дека тешкотиите во доењето се предизвикани од ракот на дојка или дека болеста го менува мајчиното млеко поради што бебињата одбиваат хранење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1