Сопругот на пејачката Јелена Марјановиќ се сомнева дека убиецот на неговата сопруга е романски камионџија, кој пред неколку дена бил уапсен од германската полиција под сомнеж дека убил две девојки, а дека Јелена му била третата жртва.
Без оглед дали тој е убиецот на Јелена, Зоран вели:
-„Тој е монструм и треба да се осуди на смртна казна и тоа не со куршум, туку со смртоносен гас. Да умира полека и барем малку да ги почувствува болките на несреќните семејства на жртвите.“ – истакнува Марјановиќ.
Катарин Долинеј Чоплан го признал убиството на Каролина Г. во Германија, но трагите водат до тоа дека тој е убиецот и на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.
Германската полиција пред неколку дена го уапсила камионџијата на возраст од 40 години, а неговата крв е пронајдена и на насипот каде беше убиена и Јелена. Токму затоа се испитува дали тој ја убил ѕвездата на Гранд.