По терористичкиот напад во Париз, еден вљубен пар има порака за целиот свет.
Момче од Сирија и девојка од Париз се фотографирале со своите пасоши, со бакнеж и порака дека љубовта секогаш победува.
Тие на транспарентот кој заедно го држат, истакнуваат дека се колатерална штета на ситуацијата и дека токму тие ја плаќаат најголемата цена после ваквите страшни настани, како што сега се случи во главниот град на Франција, кога за време на терористичките напади се убиени 129 луѓе.
„Како француско-сириски пар секој ден ја плаќаме цената на тероризмот, фанатизмот, расизмот, границите, оружјето… Е*****е. Љубовта секогаш ќе победува“, гласи нивната порака до светот.