Таа беше муслиманка, а тој православен од Србија. Адмира Исмиќ и Бошко Бато Бркиќ,имаа само 25 години, бескрајно се сакаа.
Се подготвуваа за нивната венчавка, но не беа подготвени за омраза, лудило и агресии, кои во тој период владееа во Сараево.
Сакале да заминат каде што ќе имаат нормален живот, исполнет само со љубов. На 18. мај 1993. година тргнаа во потрага по слобода. Околу 17 часот, притигнале на мостот Врбања.
Протрчале преку него држејќи се за рака. Но еден куршум го погоди Бошко, кој падна на мостот. Вториот куршум ја погоди Адмира.
Смртно ранета доползела до својот сакан и го гушнала. Нивните тела седум дена лежеле на мостот. УНПРОФОР одбил да ги повлече телата, се додека не се прогласи примирје. По седум дена, нивните прегрнати тела се земени и погребани на гробиштата во Лукавица.
По војната во 1996. Година, по желба на родителите на Адмира, телата се префрлени во Сараево и погребани заедно на Лав гробиштата.
Нивните убијци, никогаш не се пронајдени. Вистината за трагичната љубовна приказна меѓу овој млад пар, ја објавија сите медиуми во светот. За нив се пишувани книги, снименни се и филмови.
Наречени се „Јулија и Ромео од Сараево“. Седумнаесет години од нивната смрт, светот сеуште зборува за оваа трагична љубовна приказна.
Нивната љубов се уште е инспорација – Забрането Пушење направи песна за нив. Сакаме да останат запаметени, никогаш да не ги заборавиме, изјавија од бендот.
Во продолжение видео од песната – како и видео за приказната на Бошко и Адмира