Никој не може да биде сигурен околу тоа кој ќе победи на 8-ми ноември на претседателските избори во САД, но еден човек е прилично уверен и вели дека знае кој ќе се пресели во Белата куќа.
Станува збор за професорот Алан Личман кој точно ги има предвидено сите резултати од претседателските избори во САД од 1984-та година па наваму. Според неговите зборови, нов претседател на најмоќната држава на светот ќе биде кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп.
-Доналд Трамп оваа изборна трка направи да ми биде најтешка, откако започнав да се занимавам со оваа работа, поточно од 1984-та година. Никогаш ние сме немале кандидат како што е Доналд Трамп. Досега немаме видено претседателски кандидат кој цел живот се богател на сметка на другите, вели американскиот професор и додава:
-Внимавајте добро, досега сме немале кандидат кој што повика странска сила да се вмеша во американските претседателски избори. Никогаш сме немале кандидат кој што се заканувал со дигање во воздух на бродовите кои што ќе им се приближат на нашите во Персискиот залив, вели Личман.
Одговарајќи на директното прашање кој ќе биде победник на претседателските избори во САД, професор Алан Личман вели дека неговите предидувања се дека нов претседател на САД ќе биде токму Доналд Трамп.
-Да се разбереме, како што реков пред 30 години, да се предвиди не значи дека се поддржува. Моите предвидувања се базираат на научни факти. Тоа автоматски не значи дека јас како професор, или пак Универзитетот во кој што работам го поддржуваат Доналд Трамп, беше категоричен професор Личман.