Токсичен отпад фрлен на границата со Македонија


Вестинет тврди дека најмалку 2.000 тони токсичен отпад од Србија требало да биде однесен во Кина преку Хрватска, Грција и Романија, но не се знае каде завршил. Истрагата е во тек

warning_dangerous_fumes2Шлепери со отровни материи кои предизвикуваат леукемија завршиле на територија меѓу Србија и Македонија, како и во близина на пристаништето во Риека, пишува српскиот портал Вестинет.
Најмалку 2.000 тони токсичен отпад од Србија требало да биде однесен во Кина преку Хрватска, Грција и Романија, но не се знае каде завршил. Во тек е истрага во кои се вклучени и служби од регионот, бидејќи постои сомнеж дека отпадот воопшто не стигнал до крајната цел, туку дека фирмата Про-пластт од Сремска Митровица нелегално го фрлила во овие држави.

Според пишувањето на Вестинет и српски Курир најмалку 300 тони од овој опасен отпад се наоѓа во Србија. Акцијата ја води Царинската управа во соработка со Министерството за енергетика и животна средина. Оттаму потврдиле дека контингентите со отровниот отпад тргнале кон пристаништата во Риека и Солун и дека со тоа е загрозен регионот.
– Се сомневаме дека отпадот воопшто не стигнал во Кина, бидејќи транспортот до таму е многу скап.

Од друга страна, Кинезите таму сигурно би направиле анализа и би откриле дека не се работи за цинкоксид, како што пишува на декларацијата, туку за многу токсичен отпад полн со олово, цинк, кадмиум, кој лесно се пренесува со ветерот и се раствора во вода и земја – тврдат извори за Вестинет во ресорното министерство.

toksicen otpad dangerОттаму се сомневаат дека дури четири шлепери со овој опасен отров се расфрлани на територијата меѓу Србија и Македонија, а одредена количина завршила во Јадранското Море. Српската царина со анализа успеала да утврди дека не се работи за цинкоксид како што пишува на декларацијата, односно дека го има само 30% во отпадот, а се останато се токсични материи.

– Зошто нешто да продавате за 28 долари за тон, како што пријавува Про-пластт кога цената на цинкоксидот е 1.800 долари – тврдат во Министерството за екологија за српскиот портал.
Фирмата Про-пластт имала дозвола за да ги складира токсичните материи од стопеното железо во челичарницата Сирмиум стил”, но не можела да добие дозвола за да го извезува и така опасниот отпад на хартија станал цинкоксид.

Од Министерството за екологија на Србија признаваат дека е откриена потенцијална еколошка катастрофа и најавуваат дека ќе ги контролираат и другите фирми што се занимаваат со складирање отпад.

Vecer

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1