Токсичен шок: Прекрасната манекенка останала без нога поради тампон (Фото)


На Лорен Васер животот целосно ѝ се променил кога доживеала токсичен шок.

Оваа манекенка била заштитно лице на многу брендови и красела многу насловни страници, сè додека не доживеала токсичен шок од користење на тампони.29B7761B00000578-3128606-Charmed_life_At_age_24_before_her_ordeal_Lauren_Wasser_left_pict-m-2_1434584092953

Почнало така што Лорен се чувствувала лошо, како да се разболува од грип. Носела тампон и знаела за правилото дека тампонот треба да се промени на секои 3-4 часа, што и го направила пред да заврши во болница. Следното на што се сеќава е дека на вратата од станот ѝ тропал полицаец кој дошол да провери дали е сè во ред, на повик од нејзината другарка која се загрижила зошто Лорен не се јавува.

Лорен била одведена во болница со висока температура, внатрешните органи почнале да и откажуваат и доживеала силен срцев удар. Лекарите не можеле да утврдат што се случува додека не дошол инфектолог кој веднаш прашал дали таа носи тампон.lauren-wasser-435

Подоцна, лабораториската анализа покажала дека станува збор за синдромот на токсичен шок. За жал, тоа предизвикало гангрена и Лорен останала без десната нога под коленото, а дала сè од себе за да не остане и без левата, на која на крајот ги изгубила прстите, но ѝ трансплантирале кожа од стапалото и денес нормално ја користи.

– Сакав да извршам самоубиство кога ми се случи сето тоа – рекла Лорен.

Важно е да се напомене дека нема самиот тампон да ја предизвика наведената состојба, туку личноста во телото мора да има присутна бактерија стафилокока (а околу 20 отсто од популацијата ја имаат). Имајќи предвид дека сè повеќе познати производители на тампони користат синтетички материјали за изработка на тампони, бактериите во такво опкружување цветаат и постои поголема шанса за развој на токсичен шок.

Мајката на Лорен, уште додека нејзината ќерка била во болница, покренала тужба против производителите на тампони со желба да укаже на штетноста од користење на синтетички материјали во тампоните. Тужбата тврди дека на девојките и жените намерно не им се укажува на штетноста од тампоните и дека производителите не сакаат да користат природни материјали, пишува „Дејли мејл“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1