Додека „Американ мејд“, во кој главна улога има Том Круз, се подготвува да се прикажува во киносалите во светот, јавноста е окупирана со несреќата што се случи на снимањето на филмот во 2015 година.
На сет загинаа двајца пилоти, поради што сега нивните семејства ги тужат режисерот Даг Лиман и актерот Том Круз. Во тужбата било наведено дека тие двајца сакале да се снимаат многу опасни сцени во воздух, со голема брзина.
Неколку седмици пред несреќата, пилотот Пурвин на продуцентите им рекол дека не може да издржи во такви услови и дека тоа е многу опасен проект. Прашање на време е, наводно предупредил Пурвин пред смртта, кога ќе се случи несреќа.
Во несреќата што се случила во Колумбија на 11 септември 2015 година, освен Пурвин загинал и пилотот Карлос Берл.