Томислав Николиќ,сепак, не влегува во претседателската трка


Српскиот претседател Томислав Николиќ најверојатно нема да влезе во трката за нов мандат, неофицијално дознава „Б92“ од кругови блиски до поранешниот претседател на Сrпската народна партија (СНС).

Како што се најавува, одлуката треба да биде потврдена во текот на денот, откако ќе се сретнат Николиќ и актуелниот српски премиер и лидер на СНС, Александар Вучиќ.tomislav_nikolic_790

Николиќ вчера изјави дека „се уште чека на договор со Вучиќ“, додека премиерот во текот на денот кажа дека со Николиќ „ќе разговара кога било и за што било“, но дека нема да се согласи со тоа што јавноста „наметнува ријалитио шоу“.

Од опкружувањето на Николиќ за „Б92“ претходно кажаа дека во текот на денот се очекува средбата Николиќ – Вучиќ, како и дека изминатите денови имало контакти, кога се слушнале и „посмирени тонови“.

Истовремено, извори од кабинетот на премиерот, за „Б92“ и за другите медиуми и агенции демантираа дека имало телефонски разговор меѓу нив пред седницата на Главниот одбор на СНС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1