Томислав Тунтев си поднесе оставка


Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, a таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието, пренесе ТВ 24.Тунтев се сели во Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.

Новиот координатор на СДСМ сè уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски.

Освен Митровски, втор заменик координатор на владејачката коалиција е пратеничката Соња Мираковска од НСДП.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1