Фирмата со познатото име, со чиј производ голем број на генерации од СФРЈ, ги извозеа првите мотоциклистички кругови, „Томос аутоматик“, отиде во ликвидација. 60-та вработени ќе бидат пренасочени на други работни места, во други компании како што е „Hidria“, во која Томос била вклучена уште од 1998 година.
Веста ја потврди директорот Марјан Кандуќ, кој истакна дека марката ќе остане зачувана.
Томос компанијата што е скратеница за (фабрички моторни велосипеди Сежана), регистрирана 1954 година, во Сежана во окривот на тогашниот стратешки напор да се индустријализираат краевите, кои гравитирале кон Италија.
Неколку месеци подоцна, словенечката национална влада се одлучи големата фабрика со истото име да биде изградена во Копер, по што било решено прашањето со демаркацијата со Италија, во која зоната Б и припадна на тогашна Југславија.
Компанијата во 1959 година, ја посети тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.
Томос се појави како одговор на социјалистичка Југославија, кон капиталистичка Италија која требало да се покаже во друштвото на еднаквите дека има индустриска сила.
За жал според весникот, конкуренцијата од Јапонија и глобализацијата псосле шест децении го докрајчи ваквиот устописки сон.