Сторителот на тројното убиство во Кавадарци, како што е веќе познато утринава бил уапсен на гробиштата во Кавадарци, а дел од медиумите пишуваат дека Тони С. (40) се појавил таму со намера да ја убие и својата сопруга Данче, пренесува Курир.
Деталите од апсењето на Тони говорат дека тој бил приведен за време на погреб на гробиштата. Полицијата поради ризикот тој да сака да и се одмазди на сопругата, често патролирала на тоа подрачје.
При апсењето, полицијата испукала предупредувачки куршуми во воздух, по што Тони бил приведен.
Четириесет годишниот кавадарчанец во неделата со по еден куршум ги застрела родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга, таткото Илија (61), мајката Билјана (56) и нивната 33 годишна ќерка Снежана.