Ова се жртвите на зетот од Кавадарци – 3 години пријавувале насилство (Фото)


Четириесет годишниот кавадарчанец  Тони С во неделата со по еден куршум ги застрела родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга, таткото Илија (61), мајката Билјана (56) и нивната 33 годишна ќерка Снежана.

10665393_4750444175691_97767198190097115_n

Неговата поранешна сопруга не била дома, па не е познато дали имал намера да ја убие и неа или само родителите. Тој со по еден куршум во срцето ги застрелал Илија и Билјана, како и нивната помала ќерка Снежана (33), која била таму. Неофицијално, мајката загинала во обид да ја спаси ќерката од убиство. Нивните тела ги пронашла Данче, која повикала полиција. сите тројца имале влезно-излезни рани во близина на срцата

Тони во минатото бил пријавуван за семејно насилство од страна на сопругата, ќерка и сестра на убиените. Стојковска вели дека по пријавите полицијата постапила и против него е поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда.

Имено, Тони и Данче се развеле во петокот, само два дена пред грозоморното убиство, а се родители на две малолетни деца на возраст од 7 и 9 години.

По приведувањето, кај Тони е најден и пиштолот со кој е извршено убиството во кој имало 2 куршуми.  Тој не знаел дали преживеале неговите жртви и прашувал дали се мртви.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1