Еве го новиот спот на Кристина Арнаудова (ВИДЕО)


Кристина Арнаудова и „Ај Кју“ го објавија спотот за „Сега ми требаш ти“

Поп-пејачката Кристина Арнаудова заедно со момците од групата „Ај Кју“ денес го промовираа спотот за песната „Сега ми требаш ти“ кој го снимаше на неколку локации низ Скопје.

kristina arnaudova

Музиката, текстот и аранжманот е заедничко дело на Арнаудова и Бојан Трајковски, а режисер на видео-записот е Дарио Јанковиќ.

„Јас и Бојан Трајковски од „Ај Кју“ заедно ја направивме музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се негови. Ова е една од нашите најдраги песни“, изјави Кристина пред претставниците на седмата сила на  промоција во кафулето „Тренд“ на Кеј.

„Додека го снимавме спотот моравме да ја слушнеме 145 пати, и како што ја слушаме се повеќе ни се допаѓа“, додаде Трајковски од „Ај Кју“.

Интересен податок е тоа што оваа песна најпрво била одбиена од „Скопски фестивал 2013“, па сега ја живее својата „втора младост“ и е придружена со видеоспот.

Погледнете го новиот спот на Кристина Арнаудова

Сега ми требаш ти

Чекори илјада, до тебе,
Тешки ко олово, нозеве,
Знам дека погрешив, ти признавам,
Не знаев што сакам, но сега знам.

Сега ми требаш ти,
Како сон на очиве,
Дај ми да ти кажам се,
И само еднаш слушни ме.

Сега ми требаш ти,
Како вода на усниве,
Дај ми да ти раскажам се,
И само еднаш гушни ме.

Видно изморени,мислите,
Скоро пресушени очите,
Животот кратот е да бидеш сама ти,
До мене дојди си, ветувам само насмевки.

Среќа е да го најдеш својот дел,
Јас те имам ти ме имаш, среќа е.
Во еден здив поминува се,
Силно држи ме за рака , среќа е.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1