Тони Михајловски и Александар Пандoв денеска беа да го посетат дедо Љубе


Актерот Тони Михајловски и политичкиот аналитичар Александар Пандов изразија поддршка за 75 годишниот Дедо Љубе кој треба да одговара на суд за убиство на крадецот кој пред две години му влезе дома, го тепаше него и неговата неподвижна сопруга барајќи пари. Тони и Александар денеска беа да го посетат дедо Љубе. Патот до трошната куќичка на дедото не е воопшто лесен. Еве што напиша Тони за патот до таму..

Денес тргнавме да го посетиме херојот дедо Љубе и баба Царка. Еден добар човек ни даде понадица да им однесеме. До рибникот имаше сонце. На 800мнв се смени времето и не потсети кое годишно доба е. Тргнавме пешки. За 45 мин се качивме на 1105мнв, иако ни рекоа дека се стига за 10мин. Тие сигурно стигаат. Ама ние не.

Фото - Приватна архива/фејсбук

Фото – Приватна архива/фејсбук

Кумот подготвен кондиционо го предводеше караванот со предност од 150м. Зад него двајца ентузијасти со камера а некои 50м зад нив еден вљубеник во природата, исто толку задишан. Застанавме под едно дрво без гранки за да се потскриеме од дождот. И запаливме цигара. Многу кислород ни дојде. Осоговијата мокра како жена што излегува од вода и завиткана во магла, која ти се создава пред очи и бега нагоре низ ридот толку лесно што посакуваш да се фатиш за неа за да те изнесе. Оти душа снемавме. Кумот тргна прв.

Кондиција ти е многу битен момент ама не можеш да ја поделиш со другите. Разбиена чета е погусто распоредена од нас. Си помислив на комитите. Мене сигурно ќе ме фатеше аскерот. Ќе ме стигнеа. Кумот тешко.

Немаме право да се браниме ни во сопствениот дом – што вели ЗАКОНОТ ?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1