Тони Михајловски: Се надевам казната за колегите нема да е смрт со бесење


Директорите се листопадни. Како и владите. Се надевам казната за колегите нема да е смрт со бесење. Мада… – напиша актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил откако в.д. директорот на МНТ, Драган Спасов Дац одлучи да ги казни актерите кои вчеравечер не ја одиграа претставата „Ничија земја“.

Актерите во знак на поддршка на својот колега Владо Јовановски решија да не ја одиграат претставата која беше на репертоарот МНТ.

Јовановски доби притвор во рамките на акцијата за настаните на 27-ми април во Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1