Тони Зен, Слаткар и Панчо заштитни лица на МЗТ Скопје


Со цел подигнување на свеста на најмладата популација за значењето на спортот за психофизичкиот развој на секое дете кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје под мотото „За МЗТ навиваме со МЗТ победуваме“ почнува кампања чија крајна цел е зголемување на бројот на деца кои рекреативно или професионално би се занимавале со спорт. Заштитни лица на кампањата „За МЗТ навиваме со МЗТ победуваме“ се музичарите Тони Зен, Слаткар и Панчо од ДНК.

MZT„МЗТ Скопје во правец на популаризирање на кошарката меѓу најмладата популација од 2 септември почнува кампања под мотото „За МЗТ навиваме со МЗТ победуваме“. Ако се земе предвид дека овие наши музичари се истовремено идоли на младата популација, сигурни сме дека со својот ангажман ќе придонесат за регрутирање на што е можно поголем број млади талентирани деца, или во најмала рака ќе поттикнат одредена група на деца да почнат кошарката да ја користат како средство за рекреација“, истакна директорот на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, Видоја Секулоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1