Ѓорѓи Топаловски, бегалецот по кого македонската полиција трагаше седум години за убиството на Андреј Филип (34) – Џиџи и неговиот шура Новица Благоевиќ (30) – Моско, ќе седне на обвинителна клупа за двојното убиство, пишува Вест.
Неговото судење за убиството на двајцата скопјани кои најпрво беа застрелани, а потоа прегзени со автомобил е веќе закажано во Основниот суд Скопје 1.
Топаловски од декември 2007 година се бараше со меѓународна потерница, а македонската полиција во август 2012 доби известување дека такво лице е пронајдено во Доминиканската Република каде Топаловски престојувал со литванска патна исправа на име Ареи Аргеад.
Во април оваа година тој беше екстрадиран во Македонија и спроведен во истражниот затвор во Скопје, а сега го очекува судењето за кривично дело убиство на миг, за што според кривичниот закон предвидена е затворска казна до една до пет години.