Релативно топло време ќе се задржи до понеделник. Утре ќе има мала до умерена облачност, а од недела ќе следува период на променливо облачно време со локални и слаби врнежи од дожд, особено во западните делови.
Од понеделник воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден воздух, особено во вторник и в среда, кога ќе дува засилен ветер од северен правец, што ќе предизвика опаѓање на температурите.