Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој попладне локално ќе се засилува. УВ индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 25 до 33 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 31 степен.