ТОПЛОТЕН УДАР Во Иран измерени 72 Целзиусови степени


Во Иран се измерени 72 Целзиусови степени поради топлотниот бран кој го зафати целиот Блиски Исток.

Температурата од 72 степени во Иран скоро да го собори рекордот на екстремни температури измерени до денес.

Рекордна температура од 81 Целзиусови степени е измерена во Саудиска Арабија на 8 јули 2003.toplo-vreme5500

Температури од 50 степени Целзиусови веќе го парализираа Ирак. Властите наредиле прекин на работата бидејќи поради големата жега не постојат услови за одење на работа, јавуваат светските агенции.

И на другиот крај од северната хемисфера, во Јапан, е измерена висока температура од 39,9 степени Целзиусови, јавува агенцијата Кјодо.

Како што јавуваат метереолозите  Јапан овие денови е зафатен од топлотен бран, а слични временски услови се очекуваат и во следните неколку дена.

Две лица починале како резултат на топлината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1