Во неодамна објавениот видео-запис од документарната серија „True Tori“ во која главните улоги ги имаат холивудската актерка Тори Спелинг (40) и нејзиниот сопруг Дин МекДермот, двојката за првпат открила дека има проблеми помеѓу нив откако Дин се вратил од рехаблитација поради зависноста од секс.
– Тоа е мојата најголеа ноќна мора – ја изневерував својата сопруга. Бев надвор од контрола. Сексот ми беше бегство од реалноста како што се дрогата и алкохолот – изјавил Дин.
Во декември минатата година во медиумите протече информација дека Дин (47) ја изневерувал својата сопруга со помладата Емили Гудхенд (28). Потоа можеше да се чуе дека Тори се обвинувала себе си дека е виновна за неверството бидејќи била убедена дека премногу се запуштила.
Во видеото може да се чуе како Тори низ солзи изјавила:
– Не можам да му пружам доволно секес. Тој никогаш нема да биде задовлен само со мене – изјавила актерката.
Двојката во моментот работи на својот однос и врска иако им оди тешко бидејќи Тори наводно постојано се присетувала на неверството на својот сопруг со кој има 4 деца.