Полициските возила ќе станат мобилни камери за откривање сообраќајни прекршоци во местата каде што нема „Безбеден град“, а новата контрола треба да почне во 2027 година,
Системот „Сејф сити“ ќе се проширува и со мобилни камери поставени во полициските возила, вклучително и во цивилните. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека возила на МВР ќе бидат опремени со уреди што автоматски ќе регистрираат сообраќајни прекршоци.
„Сега ги научивме камерите каде се и знаеме дека каде што има камера возиме така како што треба, а каде што нема камера повторно имаме поинаков тип на управување со моторно возило. Во иднина голем број од полициските возила, вклучително и цивилните, ќе бидат опремени со уреди со кои ќе може да се констатираат неколку прекршоци. Возачите повеќе нема да можат да претпостават каде ќе бидат полициските возила, а тие ќе можат да констатираат прекршок кој директно ќе биде внесен во дигиталниот систем“, рече министерот.
Мобилната контрола треба да придонесе за поголема дисциплина и безбедност во сообраќајот и на патиштата каде што нема фиксни камери








