Тинејџер на возраст од 16 години загина по ударот на автомобил во близина на Католичката црква, што се случи денеска попладне. Момчето по ударот итно било пренесено во Ургентниот центар, каде за жал им подлегнало на повредите.
Несреќата се случи кога во 16-годишниот скопјанец удри џип Туарег, управуван од скопјанецот Д.М. (20).
Очевидци за порталот Курир раскажале дека И.Б. го поминувал пешачкиот премин во моментот на ударот. Од силината на истиот малолетникот бил отфрлен неколку метри, а за несреќата при полицискиот увид, останаа да сведочат неговите две патики.