Утрово се случила тешка сообраќјна несреќа меѓу Демир Капија и Удово.
Како што информираат од полицијата, несреќата се случила кај месноста Арсова лака кога дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила со српски регистарски ознаки, форд фиеста и шкода фабија.
Во несреќата загинало 8 месечно бебе и 7 лица се повредени.
Бебето починало на пат кон болница а за останатите повредени сеуште нема детали, како ни за причините за несреќата.
Во моментов на лице место увид прави полицијата и јавен обвинител од Кавадарци.