Трагедија: Дете изврши самоубиство поради лажна објава на Фејсбук


Тајсен Бенц (11) се шокирал кога видел низ објави на своите пријатели на Фејсбук во кои пишувало дека неговата девојка (13) е мртва.

-Смислила измама така што се изгледало како да се убила, а пријателите ги користела за да ја објават лагата ба своите профили на социјалните мрежи. Тој поверувал и одлучи да се убие, раскажа мајката на 11 годишното момче, која го пронашла детето во тешка состојба во семејната куќа во Мичиген.tajsen-benc-samoubistvo-foto-printscreen-twitter-1491663726-1153703-114263

Потоа го пренесла во болница, но детето по три недели на апарати почина.

Кутрата мајка изјави дека не го познала девојчето и дека не и е јасно зошто таква работа направила.

Мајката бара случајот да добие судски епилог, без оглед што девојчето има само 13 години.

-Разбирам дека тие се млади, но на 13 години децатата знаат да разликуваат што е добро, а што лошо. Затоа имам чувство дека го искористила мојот син, две години помлад од себе, за да манипулира со него, рече мајката.

Полицијата потврди дека води истрага и дека девојчето во евентуалниот процес би можела да се третира како возрасно лице.

Во описот на страницата на која се собираше пари за лекување на Тајсен пишуваше: „Мојот син Тајсен беше 11-годишен ученик, спортист, актер, пријател, брат…едно исклучително дете“:Photo published for ‘Twisted, sick joke’: Boy, 11, takes his own life after girlfriend ‘fakes suicide’ on social media

Скршената мајка ја повика јавноста да ја разбуди свеста за опасностите од злоставување на интернет и манипулирање со текстуалните пораки и објави.

Ги повика родителите на им објасната на децата колку е живот драгоцен и дека подеднаква опасност ги демне на интернет и на улиците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1