Трагедија: Двајца скијачи загинаа во Банско


Како што пишуваат бугарските медиуми, девојка и момче загинале денеска по паѓање на лавина во Пирин, во регионот на Банско.

Наводно, жртвите сами ја предизвикале лавината.Прво било откриено едно од телата, а малку подоцна и другото.

На местото работел целиот одред на Планинска спасителска служба – Банско, заедно со кучиња трагачи.

Оттаму препорачуваат скијачите и сноубордистите да не се оддалечуваат од пистите и да не навлегуваат во опасни зони.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1