Бојан Вујиќ Вучко (42) во понеделникот вечерта додека се туширал настрадал од струен удар во својот стан.
Според првите информации, се појавил силен блесок и се расипал прекидачот после тоа дошло до струен удар од кој поранешниот фудбалер починал.
Вујиќ играл за јуниорската репрезентација на Југославија, а бил и дел од тимот на Напредок. Во текот на неговата кариера играл за клубовите во Кина и Холандија.