Трагедија го потресе Балканот: Бебе требало да се пренесе на лекување но се урна хеликоптерот, преживеани нема


Хеликоптер на војската на Србија, кој превезувал бебе старо пет дена од Нови Пазар кон Белград на лекување, се урна синоќа во близина на белградскиот аеродром. Загинале и бебето и останатите 6 лица кои биле во хеликоптерот, јави Танјуг.

Хеликоптерот од типот Ми-17 требало да го пренесе тешко болното бебе на Институтот за мајка и дете во Белград.1750000Untitled-1

Српското Министерство за одбрана претпладнево соопшти дека хеликоптерот се урнал на поширокото подрачје на аеродромот во Сурчин.

Според Б92, поради лошите временски услови и маглата, хеликоптерот синоќа околку 22 часот не успеал да слета на аеродромот во Белград. По ова тој некое време кружел над Белград во обид да најде погодно место за слетување, по што околу 22:30 часот исчезнал од радарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1