Дваесет и девет годишната Драгана Милановиќ од Јагодина мајка на три малолетни деца почина откако нејзиниот сосед 60-годишниот Перица.Ј. ја прегази на тротоар додека ја шетала нејзината 5-годишна ќерка.
Во мометот на несреќата којa се случила во петокот Драгана ја држела за рака својата ќерка Милица, која за две недели требало да наполни 5 годинки. Перица со своето возило „пунто“ летнал на тротоарот и ја удрил Драгана која летнала 11 метри. За среќа таа ја пуштила раката на нејзината ќерка, која останала неповредена.
Сопругот на Драгана, 30-годишниот Александар, за српки Курир, посочил дека неговата сопруга тргнала со нивната ќерка Милица до продавница за да купат украси за роденденската торта.
– Го слушнав звукот на автомобилот кој се движеше со огромна брзина и слушнав силен удар. Кога истрачав на улица, мојата ќерка Милица беше скаменета, а Драгана лежеше на улицата. Почнав да и зборувам да видам дали е свесна, но таа не можеше да одговори. Вилицата и беше толку стегната што едвај и ја отворив устата да и го извадам јазикот. По некое време дојде на себе и низ солзи ме праша, зошто тој ме уби. Имаше тешки повреди и почина во болница, изјавил сопругот нАлександар.
Тој додава дека возачот продолжил да вози и застанал на 50 метри од несреќата.
– Бев во шок кога тој ми се фрли на грб, беше премногу пијан. Не знаев што да паравам со мојата сопруга и само го отфрлив од мене, и тој падна на асфалтот, посочил Александар.
Кога дошла брзата помош Александар ги однел и Драгана и Перица во болница.
– Драгана беше свесна и ми велеше дека се ја боли и дека не може да издржи повеќе. Бидејќи се жалеше на тешки болки ја однесовме на неуролог, каде лекарот ми рече дека нејзиниот мозок е претворен во каша и дека е само прашање на време кога ќе умре, раскажал очајниот татко и сопруг.
Александар и Драгана имале две ќерки и еден син.
– Децата постојано ме прашуваат кога мајка им ќе се врати дома. Се уште не им кажав. Милица се уште бара со мајка и да отидат во продавница и да купат слики за нејзината роденденска торта, кои не успеаа да ги купат во петокот. Што да правам и што да им кажам на децата, низ солзи прашувал несреќниот Александар Милановиќ.