Трагедија се случила вчера околу 18 часот во Панчево, каде Михајло се играл со својата четиригодишна сестра.
6-годишниот Михајло играјќи се, се качил на столче врзувајќи еден крај од врвката околу својот врат а другиот крај за рачката на прозорецот, пренесуваат белградски медиуми. Се претпоставува дека столчето се превртело и дека врквата го загушила. 4-годишното девојче вриснало кога ја здогледало стравичната глетка по што дошла нивната мајка која пробала да го спаси но неуспешно. Откако пристигнала Итната помош, лекарите констатирале само смрт на 6-годишното дете.
Таткото на малиот Михајло во моментот на несреќата не бил дома, а веднаш по несреќниот случај пред нивниот дом се насобрале голем број на роднини и пријатели длабоко потресени.