Две лица загинаа вчера кај Будва, во Црна гора, во судар на автомобил и мотоцикл.
Загинатите се Вељко Р. (33) и Ирена З. (29) двајцата од Велика Плана. Според информациите на црногорската полицијата , мотоциклот од непознати причини преминал на спротивната лента и директно удирил во „голфот“.
Според медиумите во голфот директно се забил моторот со швајцарски регистарски таблици, на кој биле момчето и девојката. Одредени црногорски портали пишуваат дека голфот ја претекнувал колоната и ги покосил двајцата млади на мотор.
На местото на несреќата е извршен увид.