Седумнаесет годишен матурант, кој бил на матурско патување во Шпанија, загина во четвртокот во Лорет де Мар, соопштуваат од хрватското министерство за надворешни работи.
Полициската истрага е во тек, а досега е потвредено само дека смртта настапила како последица на несреќен случај. Од хрватското министерство ијавиле и дека матурското патување е прекинато и матурантите денес ќе се вратат во Хрватска.
Како што пренесуваат шпанските медиуму, 17- годишното момче било пронајдено мртво во четвртокот вечерта на градилиште во Лорет де Мар. Наводно, тој починал по пад од градилиштето, високо 25 метри. Кога работниците го виделе телото веднаш повикале брза помош, но момчето починало на лице место.