Скандали, проневерени пари, љубовни афери – Македонската дипломатија денес!


Љубовни афери, празни амбасади, дипломати кои си тераат свои ќефови и одмори без дозвола од Министерството за надворешни работи, проневерени пари, вработување на роднини по амбасади, терање бизнис на сметка на амбасадорската функција, сплетки, откажување од функција на само неколку месеци по назначување, како и мобинг, пијани амбасадори и по некоја ситна тепачка се дел од скандалите поврзани со македонските дипломатски претставништва низ светов кои ги полнат македонските медиуми во изминативе години.

ivanov gruevski nikola popovskiСамо скандал до скандал, срамотилаци, еден нема асален, јас не паметам во овие 23 години независност еден асален амбасадор,цитира анкетиран граганин радио Слободна Европа.

Граѓаните велат дека почесто слушаат информации од приватниот живот на амбасадорите и нивните лични проблеми отколку за нивниот професионален ангажман или за нивните успеси во дипломатската сфера, пишува Радио слободна европа.

fuad hasanovicПоследно што го привлече вниманието на јавноста на социјалните мрежи е младата заменичка министерка за надворешни работи Драгана  Кипријановска за која се поставува прашањето колкаво е нејзиното дипломатско искуство со наполнети 28 години.

Интересна за јавноста беше и проневерата на пари во Доха. Неодамна во дел од медиумите беше објавено дека државниот завод за ревизија наишол на неправилности во сметките на македонската амбасада во Катар во вредност од 50 илјади долари. Амбасадорот Фуад Хасановиќ по препорака на ревизорите ќе треба да ги врати парите на буџетската сметка на Министерството за надворешни работи.

За само 5 месеци двајца амбасадори се откажаа од своите функции, иако требаше да ја претставуваат Македонија во земји од големо стратегиско значење, како Германија и Русија. Пред еден месец дипломатот Ненад Колев се откажа од амбасадорската фотелја во Берлин поради, како што велат во МНР, лични причини.

nikola-popovski2_gПретходно Никола Димитров, кој беше амбасадор во САД, по неговиот трансфер во амбасадата во Русија се откажа од македонското дипломатско столче. Според дел од аналитичарите, најголемата дипломатска грешка што може една држава да ја направи е ист дипломат по истекот на мандатот во Вашингтон да го прати во Москва.

Во меѓувреме амбасадорското столче во Москва остана накратко празно затоа што досегашниот в.д. амбасадор Ненад Шундовски без согласност  од МНР заминал на годишен одмор надвор од Руската Федерација. Од МНР велат дека против него ќе биде поведена дисциплинска постапка.

Лани, од приватни причини, екс амбасадорот во Чешка, Игор Илиевски, бегаше во Полска. Почесниот конзул во Перу, Дејан Атанасовски, нападна граѓани и полицајци.

Конзулот во Чикаго, Јовица Палашевски, се степал на паркинг и нападнал службено лице. Власта на Никола Груевски ниту чувствува, ниту презема одговорност. Напротив и натаму амбасадорските места ги третира како награди за послушници. Во дипломатските претставништва се најдоа и пејачи и манекенки. Амбасадорка во Белград е невропсихијатарка, без ден работно искуство како дипломат, но поранешна советничка на Груевски“, рече Шилегов.

pero stojanovskiАвстралиските судови, пак, лани околу Нова Година се занимаваа со случајот на друг македонски амбасадор. Тогашниот дипломатски претставник на Македонија во Австралија, Перо Стојановски, ја пријави австралиската државјанка Лидија Думбаловска во полицијата поради провалување во неговиот дом, кражба на лаптоп и уцена. Тогаш се пишуваше оти триесет и седумгодишната австралиска државјанка претходно била во интимна врска со Стојановски, а за правдата решаваа тамошните судски власти. Стојановски подоцна се повлече од дипломатската функција поради здравствени причини.

Не остана незабележана ни љубовната мака на Агрон Буџаку кој сè уште е амбасадор во Франција со, како што пишуваа медиумите, Мери Николова. Таа пред три години јавно говореше за нивната забранета љубов.

Проблеми имаше и во македонската амбасада во Хаг, од каде што поради физичка пресметка со вработен порано од функцијата беше вратена професорката Добринка Тасковска. Дипломатската служба докрај не ја дотера ниту конзулот во САД Филип Петровски. Тогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева тврдеше дека таквата одлука се должи на тоа што Петровски се однесувал несовесно и непрофесионално, а учествувал и во јавни инциденти.

Целата сторија на Радио слободна европа.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1