Во моментот кога струјата почнала да ги повлекува девојчињата на возраст од 6 и 12 години, 23 годишниот доброволец на австрискиот Црвен крст скокнал по нив и ги спасил, но бил повлечен од силен вртлог…
Тој вчера не бил на должност. Одмарал покрај Дунав во австриското место Штокерау, кога струјата почнала опасно да ги повлекува двете девојчиња. веднаш се фрлил во реката по нив.
Девојчињата ги извлекол на сигурно но силен вртлог го повлекол кон дното на реката.
Голема спасувачка екипа пристигнала наскоро, составена од пожарникари, лекари, санитетски хелокоптер, но кога момчето било извлечено, му немало спас.