Концертот на Халид Бешлиќ кој требаше да се одрижи во петокот навечер во Лабин е откажан поради смртта на пејачот на бендот Мрга Амрир Бојчиќ на бината.
На Мрга му се слошило по три испеани песни, откако ги поздравил пријателите од Пула и ненадејно паднал на подот.
Итната помош половина час се обидувала да го спаси пејачот, кој за жал, починал. Публиката потоа го напуштила концертот.
Веста ги шокираше жителите на Лабинстина и сите кои го познавале несреќниот пејач. Иако многумина знаеле дека Мрга се бори со тешка болест, смртта на сцената била ненадејна и шокантна.