Николина Р. (17), матурантката која почина пред две вечери на матурската забава на Средното училитше во Чапљина, умрела од природна смрт, потврдија од полиција.
Несреќната девојка и претходно имала проблеми со срцето, а пред неколку години и починала мајката од срцев удар.
-Цел ден беше весела, и ништо не навестуваше ваква трагедија. Тргнавме кон салата и пред тоа се фотографиравме за спомен. Потоа почна прославата и токму кога требаше да го заигра првиот танц, Николина наеднаш падна. натана паника. Еден од професорите веднаш притрча и виде дека изгуби свест, ја зеде во раце и со трчање ја однесе до Здравствениот дом. Лекарите се обидоа да ја реанимираат, но за жал и немаше помош, со тага во очите раскажуваат нејзинтие школски другари.
Погребот на Николина Р. ќе се одржи денеска во Чапљина, а матурската забава е прекината поради трагичниот настан.