Трагедија: Најмалата ќерка на Боди Милер се удавила во базен


Огромна трагедија го погоди семејството на Олимпискиот шампион во скијање, Боди Милер. Најмалата ќерка на легендарниот тркач и неговата сопруга Морган почина откако паднала во базен во јужна Калифорнија.

Емелин, која имаше една и пол година се удавила, а тимот на итната медицинска помош не можел да ја спаси.

-Ние сме уништени, нашето девојче Еми почина вчера. Никогаш не помисливме дека би можеле да доживееме таква болка, нејзина љубов, нејзина светлината, нејзиниот дух никогаш нема да биде заборавени. Нашето мало девојче го сакаше животот, напиша четирикратниот светски шампион на социјалната мрежа Инстаграм.

Емелин била транспортирана во болница во близина, каде што медицинските лица, исто така, не можеле да ја вратат во живот.

Таа е најмалата од четирите деца на Милер, кој има уште два сина и ќерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1