Трагедија: Ова е 25 годишното момче – убиениот навивач на Црвена Звезда во Турција (Видео)


25-годишниот навивач на Црвена Ѕвезда, Марко Ивковиќ синоќа е избоден во Истанбул, во навивачка тепачка пред почетокот на евролигашкиот натпревар помеѓу Галатасарај и Црвена Ѕвезда.

Околу 400 навивачи на Црвена Ѕвезда, популарните „Делии“, отпатуваа во Турција на евролигашкиот меч кој нивната Црвена Ѕвезда го играше против Галатасарај, но не им беше дозволено да купат влезници и да влезат во салата „Абди Ипекчи“. Поради тоа дошло до судир помеѓу нив и полицијата. Кратко време после тоа, „делиите“ се судриле и со навивачите на Галатасарај, по кој на несреќното момче му беше забиен нож во пределот на градите, во близина на срцето.

233907

Двете страни имаат свои верзии во обајснување на настанот. Организаторите на мечот тврдат како не можеле да дозволат толку гостински навивачи да влезат во салата, и наводно тие имале обезбедено само 40 влезници за гостите. Според нив, однесувањето на белграските навивачи било недозволиво и дека полицијата реагирала во рамките на своите овластувања. Тренерот на домаќините, Ергин Атаман отиде до таму, што ги нарече гостинските навивачи терористи, кои дошле во Истанбул да го тероризираат турскиот народ, што предизвика остри реакции во српската јавност.

Иако навивачите не патувале во организација на клубот, според изјавите на српскиот конзул во Истанбул, било контактирано со челниците на Галатасарај и со турската полиција за се да помине во најдобар ред.  Српските медиуми, пак, јавуваат дека однесувањето на полицијата било срамно. Најпрво фрлиле солазвец врз српските навивачи, а потоа, во тој чад дозволиле домашните навивачи да ги нападнат со ножеви. Во цел тој хаос се случи и тргагедијата. Момчето починало во болница после неколку удари воп пределот на градите од кој еден завршил и во срцето.
Според нив, домашните навивачи цело време провоцирале, скандирајќи „Косово, Косово!“ и ваделе албански знамиња на трибините. Особено се разочарани поради тоа што натпреварот во Белград помеѓу двете екипи завршил во најдобар ред, а екипата на Црвена Ѕвезда се покажала како добар домаќин и не го заслужила ова.

Големо беше разочарувањето во редовите на Црвена Ѕвезда, не поради поразот, туку пред се, поради трагичниот настан. Како што изјавуваат и 100 порази не можат да се мерат со загубата на еден млад живот. Овој настан особено е несфатлив за странците во редовите на белградскиот клуб, Американецот Маркус Вилијамс и Германцеот Мајк Цирбес, кои својата вчудоневиденост и разочараност од ваквиот настан ја пренесоа преку своите профили на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1