Триесет и едногодишниот битолчанец Пеце Роговски, кој боледуваше од малиген тумор на бутниот мускул и подлегна на болеста
Првите знаци на болеста кај Пеце се појавиле пред две години. Поминал две операции и хемотерапија, но болеста му се врати пред два месеци, кога и го прикова младиот битолчанец за креветот. Повторно да го оперираат, единствено се согласиле лекари од Турција, за што беа потребни 54 илјади евра.
Другарите на Пеце, започнаа акција за собирање пари за операција. Во Битола се организираа неколку хуманитарни концери, отворени се жиро сметки, телефони за донации. Но младиот битолчанец не ја дочека операцијата која му влеваше надеж за живот.