Канчан Нат (58) се враќала од часови по јога и додека преминувала улица настрадаал кога кокосово дрво паднало врз неа.
Таа со многу сериозни повреди е префрлена во болница каде подоцна им подлегнала на повредите.
Инаку, Нат овој месец требаше да го води доделувањето на музичките награди “Rangmanch Ke Sitare”.
„Изгубивме многу драга колешка, пријателка и голем уметник и се на се многу добро човечко битие“, соопштија организаторите на овој настан.
Тие ги повикаа надлежните да истражат дали локалната власт имала одговорност да го тргне старото дрво кое било склоно кон пад.