Во населбата Лозовик во Смедерево вчера во попладневните часови се пронајдени замрзнати мајка и син.
Се претпоставвуа дека Анкица Т. (80) и нејзиниот син Жика Т. (51) починале од глад и студ.
Несреќните луѓе ги пронашол соседот кој не ги видел неколку дена.
Кога влегол во куќата, затекнал страотна глетка – во собата ја видел Анкица вкочанета и завиткана во ќебе.
Веднаш ја повикал полицијата која во другата соба го пронашла и мртов нејзиниот син.