ТРАГЕДИЈА: Синот на За За Габор загина неколку дена по нејзината смрт


Посвоениот син на За За Габор и на нејзиниот деветти сопруг Фредерико Принц фон Анхалт, Оливер Принц фон Анхалт, загина само неколку дена по смртта на својата мајка.

Оливер починал на Божик, откако седум дена поминал во кома. Истиот ден кога почина неговата мајка, Оливер го удрил автомобил.za-za-gabor

Не е познато дали воопшто знаел дека неговата мајка За За починала. Како што пренесуваат странските медиуми, неговиот татко немал поим дека Оливер имал сообраќајна несреќа. Го информирале дури во понеделникот, а бил убеден дека неговиот посвоен син цело време е жив и здрав во Германија.

Овие трагични вести ги потврдил Маркус, братот на Оливер.„Проживеавме многу работи заедно, и тоа се драгоцени спомени. Брате мој, засекогаш ќе останеш во моето срце. Не го разбирам овој свет. Зошто?“, напишал тој.2sin5

Маркус, Оливер, и уште неколку момчиња За За и Фредерик ги посвоиле во текот на нивниот брак долг 30 години. Наводно за тоа им платиле два милиони долари, а сето тоа за да можат да бидат наследници на принцезата Мари Аугуст од Анхалт, која и самата му платила на Фредерик да го посвои кога тој имал 36 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1