Семејна трагедија се случила вчера попладне во селото Скудриње. Татко ги пронашол двете ќерки во безсознание во помошна просторија од куќата, по што едната починала.
Од полицијата денес информираат дека таткото М.М. (63) влегол во просторијата каде двете ќерки, Е.М. (21) и Р.М. (22) спиеле и забележал дека истата која се затоплувала со шпорет на дрва е зачадена, а девојките во безсознание.
Најпрво ги однел на матичен лекар во селото, па во амбулантата во Ростуше, а оттука тргнале кон медицинскиот центар во Гостивар. За жал, на пат кон гостиварската болница Е.М. починала како последица од труење со чад, а нејзината сестра итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата, а телото на починатата девојка е предадено на семејството за погреб.